
Тврдењето на Василев во неговата статија „Македонската граѓанска војна“ , дека внатрешниот конфликт во ВМРО почнал да изгледа како меѓународен (меѓу Бугари и Македонци) е апсурден за кој и да е кој знае малку од малку историја. Уште повеќе тој привидува во тоа граѓанска војна во која секој треба да избере на која страна стои-бугарската или македонската.
Се согласувам дека има две страни, но тие не се бугарска и македонска, а српска и бугарската тоа е видливо од голем број документикои ги покажуваат активните дејства на Белград во редовите на незадоволните од ВМРО и меѓу левите политички кругови во Софија.Тука е местото да ја разгледаме и фигурата на Ал.Стамболијски поставена од истиот автор на еднакво рамниште со Тодор Александров. Василев ги појаснува логички и дипломатски издржано позициите на Стамболијски, но во нив очигледно недостасува разбирањето за важноста на луѓето во бугарската позиција за кое веќе зборувавме. Стамболиски великодушно и чисто земјоделски гледал на Македонија како на парче земја, која што видите ли Србите ја освоиле, а Бугарија требало да почива и да јаде? Подметнувањата за национални, економски несреќи на комунистичката историографија се неточни, дејствително во Бугарија немало недостиг на храна. Исто така авторот заборави да спомене дека Стамболиски организира „Оранжова гарда“ (кривични, шпиц единици) познати како сопаджии кои делат правда. И ако некој заборавил ќе потсетиме дека Оранжовата гарда помага на српските власти во гонењето на четите на ВМРО на територијата на Македонија! Владата на БЗНС посегнува на автономијата на универзитетот во Софија, спроведува пишана реформа чија цел е приближување на бугарскиот и српскиот јазици (слично и на реформата спроведена по комунистички преврат 09.1944 г. која не е призната од МПО и ВМРО). Со овие активности Стамболиски е посочен како првиот фашистички- режим1923.г.! Нема да ги занимаваме читателите со другите антибугарски постапки на предметниот Стамболиски за што ВМРО го ликвидира. Сепак, треба да се спомене дека многумина од функционерите на партијата му БЗНС и земјоделци избегале во Србија (Југославија) и се врбувани од Цека Ѓорѓевиќ, конзул во Софија и шеф на Српското разузнавање таму, човекот со најголем придонес за расцепот на ВМРО според документите на царското разузнавање. И како прашувм г-дин Василев да го славиме Ал.Стамболијски еднакво со Тодор Александров?
Портретираната слика на биполарен систем на крајот на војната во која Македонците можеле да избираат меѓу фашизам и комунизам е исто така невистинита. Самиот Иван Михајлов го одбива предлогот на Хитлер да создаде Македонска држава. Современата историја докажа дека во Бугарија немало фашистички режим иако била сојузник на Вермахтот. И ако ја сакаме вистината зошто забораваме дека не друг а бугарската армија ја ослободи СФРЈ , а Тито и Сталин не ги пуштија бугарските војници да влезат во градовите и со тоа да бидат засекогаш жигосани како фашисти ?! Каде е тука изборот фашисти или комунисти и целата слика која ја сликате? Изборот не бил фашисти или комунисти туку Бугари или Срби титовисти. Самиот автор ја опишува судбината на оние кои се спротивставиле на Тито биле тие комунисти или не.
Тоа пак не личи на граѓански конфликт, а на диктатура. Василев гледа крах на бугарштината по 2та Светска војна одминувајќи го Крвавиот Божиќ, 23000 жртви, процесите против востановеното ВМРО, 700-те антибугарски процеси до 89-та, а и до 91-ва.
Денес кога Македонија се соочува со цивилизациски избор дали да е демократска и правна држава или полигон на нечии интереси и диктатура можеби навистина е во состојба на граѓанска војна – војна на вредностите. Тука ќе се согласам со заклучоците на Василев дека е неизбежно да се дојде до решавање на проблемот со идентитетот, проблем кој е хронично заболување на општеството и како секое такво не може да биде третирано без криза.Тежка криза во која не лично а общонародно ќе се сфаќа дека денешна Македонија е зафрленото дете на маќеата (на лошиот осиновител СФРЈ)! За тоа сепак ни е потребна вистината, целата вистина, а не парчиња! Зашто, како што кажал Ботев слободата е скапа, вистината е света.А јас ќе додадам дека слобода по цената на вистината е ропство. За да излезнеме од него треба прочистување и покајание, бидејќи вистината ќе не направи слободни!
––––––––––––––
Автор: Андреј Врабчев, уметник (скулптор) завршил Воена Академија во Софија ( експерт по меѓународна сигурност ), а интересите му се насочени во областа на културата, вредностите и идентичноста како фактори за развој на современото општество
