
Владимир Путин ја извојува за Русија позицијата на водечки играч на Блискиот Исток, призна американскиот сенатор Џон Мекејн пред телевизија MSNBC.
Според него, рускиот претседател „го постигна саканото по многу умен начин, и покрај слабите карти во рацете“.
Мекејн додаде дека на САД им се наметнува да се задоволат само со покана на преговорите за сириското регулирање, кои ќе се одржат на 23 јануари во казахстанскиот главен град Астана. „Нема ништо поиндикативно од тоа дека Руси, Иранци и Турци ги канат САД да учествуваат во мировна конференција (за Сирија). САД не го предводат тоа, САД дури не се дел од тоа, нив ги канат.До каде ја донесовме „, рече сенаторот.
Џон Мекејн е познат по својата антируски позиција.
