
На изборите за претседател на Бугарија во ноември, Бугарите од Западните Покраини кои добиле бугарско државјанство, со своите скромни сили му дадоа доверба на Румен Радев.
Очигледно гласале за нешто ново, различно од досегашната заглавена со децении во клишеа надворешна политика на Бугарија. Овластувањата на претседателот се главно во областа на надворешната политика. Од него се очекува максимално да ја искористи удобната надворешнополитичка позиција на Бугарија како полноправна членка на Европската унија и категорично да ги заштити правата и интересите на своите сонародници во Македонија и Западните Покраини.
Станува збор за односот на Бугарија кон зајавената желба на Република Македонија и на Република Србија за членство во Европската унија. Бугарија не треба да стои настрана во спорот за името меѓу Република Македонија и Грција, кој трае речиси три децении. Стратегијата за одложување на евроатлантската интеграција на Република Македонија е насочен против Бугарија, но и против геополитичката линија по Коридорот № 8, во која Македонија е најслабата алка. Стратешката цел на старите кругови е Македонија да не влезе во ЕУ и НАТО, барем додека Србија не ја престигне и не ја „спакува“ заедно со другите југословенска републики во вкупен интеграциски пакет. До тогаш Македонија ќе остане во орбитата на старите и странски политички и економски влијанија. Бугарскиот национален интерес бара веднаш членство на Македонија во НАТО и ЕУ. Ова е единствениот начин Македонија да се чисти од странските структури и антибугарски влијанија и дури да го зачува територијалниот интегритет од албанскиот сепаратизам.
Активните мерки на старите структури, антибугарската медиумска, културни и историски кампањи против Бугарија доаѓаат од остатоците на југословенските безбедносни служби, кои се вградени таму. Тоа не е политичка волја на обичните македонски граѓани кои, со мали исклучоци, се пријателски настроени и сакаат поинтензивни контакти на политичко, економски и културнит сфери.
Јазикот на омразата и прифаќањето на подмолните безпризорни историски спорови го префрла фокусот од вистинските проблеми и создава атмосфера на меѓусебна недоверба, што ги забавува интеграциските процеси на Балканот. Грешката на Бугарија и Македонија и особено на јавното мислење во двете држави е дека подлегнуваат на провокациите и така односите им зациклуваат без никаква стратегија и перспектива.
Пристапот кон Србија треба да биде радикално различен.
Бугарија ја призна независноста на сите отцепени од „туторство“ на Белград поранешни југословенска република. Таа прва ја призна независноста на Скопје, но и на Љубљана, Загреб, Сараево и Подгорица. Прва ја призна и независноста на Приштина, по поднесен јасен геополитички сигнал бидејќи акцијата по признавањето беше договорена со другите соседи на Србија – Унгарија и Хрватска. Белград треба да си земе поука од сето тоа.
Исто така треба сериозно да размисли и за тоа дека во Војводина и Санџак има барања за поголема автономија и тие можат да им направат проблеми на властите во Белград. Јасно е дека Европа ќе инсистира Белград да ги реши своите внатрешни етнички, политички и регионални проблеми и дури потоа да го преземе патот кон Брисел.
Од оваа гледна точка Бугарија треба да излезе од истрошените надворешнополитички клишеа од времето на социјализмот и категорично да го постави прашањето за Западните Покраини.
Парадоксално е дека во процесот на распадот на поранешна Југославија Бугарија го призна правото на независност на сите југословенски републики, само за сопственото малцинство не направи ништо! Како дел од веќе непостоечката држава (Српско-хрватско-словенечкото Кралство), без правни основи да останат во неа и при тоа целосно напуштени како регион од централната власт во Србија. Покраините треба да се предмет на активна политика од бугарска страна. Крајно време е Бугарија да се ослободи од поразителниот дух од времето на националните катастрофи и да заживее со самодовербата на достојна европска држава со тоа што ќе манифестира сериозно државничко однесување по прашањето за Западните Покраини. Вклучувајќи да понуди решенија, кои да доведат до суштински промени во статусот на бугарската заедница во Србија. Официјалната статистика за Бугарите во Србија намерно го снижува нивниот број, за да се минимизира проблемот. Белград поттикнува србоманско расположение меѓу малцинството, а Софија се задоволува со триесетина преведени комплета учебници на бугарски јазик !?
Плашливата бугарска политика во децениите и изместувањето на националните интереси за сметка на идеологемите за „братство“, „словенство“ и „мост на соработка“ води до разочарување и огорченост не само кај бугарското малцинство, но и ја претвора Бугарија во незначителен и слаб фактор во регионот, кој не расудува стратешки, ја слабее позицијата на стабилен европски партнер и ги слабее позициите на самата Европска унија. Бидејќи ЕУ не е само еден голем евро-торба во која секој може да бркне и да си земе колку што сака. Треба да се преземе и ризик и одговорност за сопствената иднина, за иднината на Западен Балкан и за ЕУ. Треба да се навикне на мислата дека денешното време има свои барања, кои не можат да се решаваат со постулатите од времето на Студената војна. Нешто за што бугарските политичари мора целосно да ја преземат одговорноста.
Бугарштината во Западните Покраини треба да се одржи по секоја цена, бидејќи Балканот е динамичен регион и не се знае како може да се развиат политичките настани во следните неколку години. Да не заборавиме дека само за неколку години од Белград се одделија Црна Гора и Косово, а Војводина и Санџак уште активно се залагаат за политичка автономија.
Апсурдно е дека обидите за европска интеграција на Србија и Македонија се посретнуваат, без да се води сметка за бугарските национални интереси и стратешки цели. „Ставањето на услови“ ја затвора Македонија во сегашните зависности од српските (проруски) служби. Ослободувањето од овие зависности може да стане само во евроатлантските структури. Со други зборови, приближување на Софија и Скопје може да стане само во Брисел. Или, промени во бугарско-македонските односи можат да се случат само преку што е можно побрза евроатланска интеграција и излез на Република Македонија од старата политичка орбита. Класичен пример за тоа е малата Црна Гора, која во културно и историски однос е далеку поблиску до Србија од измачената од српското влијание Македонија. И покрај тоа, таа не потклекнува и е на пат со членството во НАТО целосно да се ослободи од српско-руските зависности.
За жал, Бугарија со пристапот за „безусловната поддршка“ сосема погрешно го применува кон Србија наместо кон Македонија! И покрај отвореното прашање за статусот на Западните Покраини по конечното распаѓање и на последното југословенско формација и покрај отвореното погазување на правата на Бугарите во Западните Покраини и очигледната асимилаторска политика! Чуден парадокс, целосно во служба на небугарскиот интереси. Одложувањето и губење на време, само ги охрабрува старите структури кои во текот на својата политика од 90-тите години, сонуваат за домино-ефект и така сонот прекројување на границите со цел постигнување по секоја цена на „националниот идеал“ за големи и етнички чисти држави.
И ајде да резимираме. Бугарија не смее да дозволи уште едно „пакување на Македонија и Србија“ за членство во Европската унија. Основната стратешка цел треба да биде итна евроатланска интеграција на Република Македонија, кое меѓу впрочем, единствено може да го задржи нејзиниот територијален интегритет од инвазијата на албанскиот сепаратизам. Ако веќе не е доцна. Кон Србија треба да биде применет постојан притисок за почитување на правата на бугарското малцинство и разјаснување на прашањето за сукцесија на Западните Покраини. Тоа е стратешки императив за Бугарија и дај боже претседателот на европска Бугарија Румен Радев конечно да го сфати тоа.
––––––––––––––––
Иван Николов, претседател на КИЦ „Босилеград“.
