
На 82-годишна возраст почина поранешниот претседател на Германија Роман Херцог, соопшти телевизијата Ен-те-фау. Тој беше претседател во 1994-1999 година. Беше и член на највлијателната партија во земјата Христијан-демократската унија (ЦДУ), предводена во моментов од Ангела Меркел.
