Претставници на германската влада објавиа дека истражат невидно ширење на лажни вести, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Вестите доаѓаат на позадината на пораки за тоа дека Русија се обидува да влијае на германските парламентарни избори оваа година. Германската Федерална служба за заштита на Уставот вели дека е регистрирала „огромна употреба на финансиски извори“ и користењето на широк спектар на средства за руска пропаганда за дезинформација, која има за цел да ја дестабилизира германската влада.

Според зборовите на владиниот портпарол Штефан Зайберт земјата ќе ги искористи сите средства со кои располага, за да се испита ширењето на лажни вести. „Ние се соочуваме со феномен чии димензии не сме виделе досега“, рече тој.

Берлин размислува создавање на посебен огранок на владината прес служба, кој ќе ги разгледува и одговара само на лажни вести. Идејата не е нова за Европа, бидејќи слична мерка минатата месец презеде и Чешка.

Според запознаени извори, цитирани од „Гардијан“, напорите за борба со лажните вести сеуште се во многу рана фаза и може да не доведат до преземање на конкретни мерки поради загриженоста дека Владата се меша во формирањето на вести во година на избори.

Германскиот канцелар Ангела Меркел оваа година ќе се кандидира за четврти мандат на функцијата. Германски медиуми објавија вчера дека лидерот на коалицискиот партнер Социјалдемократската партија – Зигмар Габриел, исто така ќе се вклучи во трката за канцлерското место.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO