За тринаесеттата година по ред Тихомир Каменов е единствениот бугарин на Светскиот економски форум (World Economic Forum, WEF) во Давос, Швајцарија. WEF е меѓународна невладина организација, формирана во 1971 година од професорот по економија Клаус Шваб. Секоја година во рамките на настанот се одржуваат состаноци на водечките светски бизнис и политички лидери, интелектуалци и новинари, кои дискутираат актуелните глобални теми и заедно бараат решенија.

Во 2004 година во Варшава, по повод пристапувањето на првите десет источно и централноевропски земји кон ЕУ, Каменов добива официјална покана за членство во форумот лично од основачот, професор Клаус Шваб.
Тихомир Каменов е основач и претседател на корпоративната група на Комерцијална Лига.

Денес тој објави на Твитер прашања кон претседателот на Кина и Претседател на Кинеската комунистичка партија Си Цзинпин. Прашањата се очекува да предизвикаат широк интерес и да добијат одговор на претстојниот Светски Економски Форум (15-20 јануари 2017 г.), каде што се очекува учество да земе и кинескиот лидер.

Еве ги прашањата на Тихомир Каменов кон Си Цзинпин: „Претседателе Си, наскоро ќе се сретнете со нас, членовите на Давос – највлијателната економска и политичка заедница. Во текот на 27 години постојано сум предвидувал дека Кинеската комунистичка партија ќе стане, и веќе реално е најголемата капиталистичка организација во светот. Моето истражување вклучува прашања како: „какви се моралните и идеолошки граници на збогатувањето во партијата? Кои се праговите на толеранцијата кон врхушката? Кои се последиците ако се заобиколат партиските директиви и границите на збогатување? Нејаснотиите во врска со правото на наследство во Кина и Кинезите во странство.“

–––––––––

Тихомир Каменов е член на Светскиот економски форум во Давос. Од години тој е единствениот бугарски учесник во форумот. Каменов е основач и претседател на Надзорниот одбор на „Комерцијална лигата“ – една од најголемите компании за дистрибуција на лекови во Бугариja. Дипломирал право на Софискиот универзитет „Св. Кл. Охридски“. Специјализирал меѓународно право во Хаг, Универзитетот „Лаjден“, Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Женева, Институтот „Макс Планк“ кон Универзитетот Хајделберг, Истражувачкиот центар по меѓународно право на Универзитетот „Кембриџ“ и др.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO