
Бугарскиот писател Стефан Цанев jа одби наградата „Златен век“ на Министерството за култура. Тој ја објави својата одлука преку отворено писмо до министерот за култура Вежди Рашидов.
Меѓу главните мотиви на Цанев за одбивањето е фактот дека неодамна истата награда jа доби Димитар Иванов, поранешен шеф во Шесто управување на Државна безбедност.
Еве писмото на писателот:
Министерство за култура
Софија
До министерот во оставка
Г-дин Веџди Рашидов
Г-дин Министер,
На 06.01.2017 во сајтот на Министерството за култура е објавено дека на 10 јануари оваа година, по завршувањето на спектаклот „Процесот против Богомилите“ во Народниот театар, ќе бидам награден со највисокото признание на Министерството за култура – наградата „Златен век „, по повод мојата 80-годишнина.
Г-дин Министер,
Благодарам за укажаното внимание, но јас одбивам да jа прифатам оваа награда. На крајот на минатата година Вие го доделивте истото признание на еден од највисоките началници на Државна безбедност – најморничавата и неподнослива институција на поранешниот тоталитарен режим. Државна безбедност jа носи вината за илјадници погубени судбини, многу од овие жртви беа уметници. Наградувањето на еден од високите функционери на највисокото признание на Министерството за култура, „Златен век“, значи официјално оправдување на оваа неподнослива институција и истовремено е исмејување со меморијата и страдањата на нејзините жртви.
Жалам, но да jа прифатам оваа награда, би значело дека се согласувам со овој ваш чин.
8 јануари 2017 Стефан Цанев
