Во борбата против исламскиот тероризам треба да jа засилиме Европската унија. НАТО не е американски подарок за Европа, Алијансата има стабилизирачка улога. Дијалогот Путин-Трамп е шанса. Ова го изјави Волфганг Ишингер.

Тој е дипломат од кариера, поранешен амбасадор на Германија во САД. Од 2008 година ја предводи Минхенската конференција за безбедност. Во интервју за ДВ Ишингер раскажа за борбата против исламскиот тероризам по нападот во Берлин, за иднината на НАТО и односите на идниот претседател на САД, Доналд Трамп со Русија.

ДВ: Неодамна беа извршени терористички напади во Истанбул и Берлин, а пред тоа – во Брисел и Париз. Службите за безбедност во Европа прават ли доволно за заштитата на луѓето?

Волфганг Ишингер: Тие многу се трудат и на почеток треба да изразиме благодарност до полицијата и безбедносните служби во Германија и другите земји за овие нивни напори. Доволни ли се овие напори? Доволно добро ли сме организирани? Се сомневам.

За оваа причина, во принцип,ги споделувам тезите за подобрување на ситуацијата, кои деновиве ги објави во медиумите германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер / еден од предлозите – да се обединат покраинските министерства за заштита на уставот во една структура – бел.ред. /. Лично сметам дека неговите предлози не одат доволно далеку …

ДВ: … Тој сака да го засили федералниот центар …

Волфганг Ишингер: Мислам дека треба да одиме многу подалеку – да ја засилиме Европската унија. Ние во Германија не живееме во изолирана капсула. Би било прекрасно, ако можеме да ги засилиме можностите на Германија во борбата против тероризмот преку прераспределба на ингеренциите во корист на федералните структури, наместо 16 провинции, како што е сега. Но ние живееме во Европската унија со отворени граници, во секој случај – внатре во Шенген зоната. Затоа е важно нашите активности внатре во Германија да бидат паневропски.

ДВ: Станува збор за постоечките структури или се потребни нови?

Волфганг Ишингер: Мораме да мислиме за големите проекти, а не за хомеопатски средства, какви секој месец звучат, како на пример, изјавите за мало зголемување на размената на податоци. Треба да се решиме на голем чекор. Лично јас припаѓам кон оние луѓе кои сметаат дека на нас во Европа ни треба аналог на ФБИ.

ДВ: Односно вие нудиме фундаментални реформи, за кои е потребно време. Изгледа така смета и канцеларката Ангела Меркел. Неодамна, таа рече дека Германија стои пред цела редица од предизвици. Канцеларката го утврди исламскиот тероризам како најсериозното од нив. Ако зборуваме за неодамнешниот терористички акт на божиќниот базар во Германија, тоа, како што се соопштува, виновникот бил познат на органите, но сепак успеал да нанесе удар. Таа околност не е смирувачка …

Волфганг Ишингер: Секако дека ова не е смирувачко и се прави оние кои прашуваат – до колку се адекватни нашите правила за депортирање од земјата на оние кои се прогласени за опасни. Во овој конкретен случај мигрантот од Тунис Анис Амри не бил депортиран, бидејќи немало никакви документи.

Секој граѓанин кој е загрижен за својата безбедност, ќе каже дека тоа не може да продолжи така, треба нешто да се промени. Сметам дека министерот за внатрешни работи ќе постапеше по вешто, ако беше создал експертска комисија, вклучувајќи и со учество на негови претходници, и им беше наложил – да речеме, за четири недели да предложат листа со 10 предлози. Тогаш ќе и биде полесно и на владејачката коалиција и на опозицијата да дебатираат, отколку сега, кога овие предлози беа направени од дел од владејачката коалиција / ХДС /. Жалам што тоа предизвика толку бурна реакција. Сизаслужуваше овие предлози да бидат разгледани.

ДВ: Ајде да разговараме за НАТО и темата за безбедноста. Идниот американски претседател Доналд Трамп јаа става улогата на САД во НАТО под прашање. Колку Европејците се уште можат да се потпрат на Америка?

Волфганг Ишингер: За почеток треба да почекаме и да видиме што ќе каже на 20 јануари при положувањето на заклетва. Не се сомневам дека администрацијата на Трамп ќе ја потврди посветеноста на Америка кон НАТО. Би било спектакуларна грешка на почетник, ако тој ја стави под прашање единствената активен унија, кој ги поврзува Америка со важен дел од светот.

НАТО не е американски подарок за Европа. Тоа е политички инструмент за супердржавата САД во Европа, кој и дава можност да ја играат улогата на стабилизирачки фактор кој го поддржува редот. Односно тоа би било чекор против интересите на САД. Не мислам дека Трамп е склон кон тоа.

ДВ: Односно вие верувате во новиот претседател, кој и во однос на Москва го смени тонот со помек во споредба со Барак Обама. Сега меѓу Вашингтон и Москва има заладување. Можно е при Трамп да дојде помирување. Путин и Трамп – тоа застрашувачки сојуз  ли е или можност?

Волфганг Ишингер: Гледам во ова шанса, но под одредени услови. Од европска перспектива, важно е повторно да започнат преговори на високо ниво меѓу Белата куќа и Кремљ. Во последните години на администрацијата на Обама таков сериозен разговор недостасуваше.

Дијалогот меѓу САД и Русија не може да биде грешка. Но има едно важен услов. Што и да разговараат, одлуките не може да бидат земени зад грбот на народите на Прибалтикот, Украинците и Европејците. Овие решенија не можат да имаат негативни последици за овие земји. Ако Америка, реафирмирајќи ја својата посветеност на НАТО, седнат на масата за преговори со Владимир Путин и води разговор за нов стратешки договор, јас сметам дека тоа би било пожелно.

ДВ: Доналд Трамп е познат по тоа што активно ги користи социјалните мрежи. Во едно од своите неодамнешни пораки на Твитер тој ја пофали воздржаната реакција на рускиот претседател на одлуката на Обама да ги екстрадира руските дипломати во одговор на можното руско хакерско мешање во претседателската изборна кампања во САД. Како се комбинира дипломатијата и Твитер?

Волфганг Ишингер: За мене тоа е многу интересно. Но сеуште не сум одлучил, како да се однесувам кон тоа. Едно нешто е јасно: кандидатот може да пишува на Твитер што сака. Резултатот потоа може да биде запишан како пораз или победа. Ако станува збор за претседателот на супердржава со многубројни обврски, ситуацијата се комплицира.

Треба да се размисли за секој збор и по можност да биде проверена по внатрешните канали пред објавување. Ако Трамп продолжи да го користи Твитер, против тоа не може да се спротивставиме, бидејќи оваа социјална мрежа е дел од новиот свет во кој живееме. Но ќе се надеваме тој да пишува не она што му паднало спонтано, а она што било договорено претходно со неговите советници во администрацијата и во Советот за национална безбедност на САД.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO