
32 лица загинаа, а десетици се повредени како резултат на експлозија на автомобил-бомба во густо населен кварт на ирачката престолнина, соопштија болнички власти и полицијата.
Инцидентот се случил на плоштад во североисточниот кварт Садр. Многу од жртвите биле работници кои чекале да ги наjмат за денот на раскрсница во претежно шиитско соседство.
