Членови на министерскиот кабинет во Велика Британија ја повикаа премиерката Тереза Меј кон решителни мерки, ако од домот на лордовите го попречуваат процесот на излегување на земјата од ЕУ, соопшти таблоидот „Дејли мејл“.

Министрите се убедени дека владата треба да покаже категоричен отпор на противниците на Брекзит, какви што се мнозинството од членовите на домот на лордовите.

„Во горниот дом треба да си дадат сметка дека ако стојат на патот  (на излегувањето на Велика Британија, бел. ред.), ги чека егзистенцијална криза“, цитира „Дејли мејл“ неименуван министер.

Таква „криза“ може да е реформа која ќе доведе најмалку до суштинско намалување на бројот на членови во горниот дом и нивните овластувања.

Планот се подготвува во врска со разгледувањето на случајот за Брекзит од Врховниот суд. Се очекува решение, според кое член 50 од Лисабонскиот договор (за излез на земја членка од заедницата) да може да биде активиран, само ако има одобрение и од двата дома на британскиот парламент.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO