Авион со руски дипломати и нивните семејства, избркани со одлука на претседателот Барак Обама, полетаа од Вашингтон за својата татковина, соопшти амбасадата на Русија.

Точниот број не се прецизира. Во четвртокот Обама објави дека САД воведува санкции на дипломати и 9 руски институции, вклучувајќи и разузнавачки. Причината е поради нивното мешање на претседателските избори и притисокот на руските власти против дипломатите на САД кои работат во Москва. Блокиран беше и пристапот до приградски дипломатски резиденции на амбасадата во Вашингтон и на постојаното претставништво на Русија во Њујорк. За персона нон грата беа објавени 35 дипломатски службеници.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO