Италијански полицаец беше сериозно повреден при детонација на бомба пронајдена во центарот на Фиренца, соопшти агенцијата АНСА.

Полициска патрола открила сомнителен предмет недалеку од историскиот центар пред влезот на книжарница, поврзана со неофашистичката организација „Каса Паунд“. Пристигнатите специјалисти по експлозиите работеле на отстранување на рачно изработената бомба, кога експлозивот грмнал. Според првичните податоци бомбата била со механизам со часовник. Полицаецот беше опериран, но тој може да го изгуби едното око. Сериозно е повредена и неговата рака. Засега нема податоци кој ја поставил бомбата.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO