Жан-Клод Јункер ги попречувал реформите на ЕУ против затајување на даноците, вели британскиот весник „Гардијан“, повикувајќи се на документи кои истекле во јавноста.

Сегашниот претседател на Еврокомисијата го правел тоа со години во својство на премиер на Луксембург. Германски дипломатски документи осветлија како Луксембург ги користел обезбедените му можности за ублажување на даночно затајување.

Пред 1996 година е формирана комисија за етички кодекс во областа на подпомагањето на бизнисот со даноци. Откриените документи покажуваат како неколку мали државиги  користеле своите места во комисијата за да ги блокираат активностите на ЕУ и да ги заштитат своите даночни системи.

Напорите на мнозинството земји членки да го попречат агресивното даночно планирање често се блокирани од активностите на неколку помали земји како Луксембург.

Истечените во јавноста документи споделени со „Гардијан“ и Меѓународниот конзорциум на истражните новинари од германската радио група NDR,го  ставаат во непријатна ситуација Јункер, кој беше премиер на Луксембург од 1995 до 2013 година. За време на овој период тој раководеше исто така со Министерството за финансии на државата џуџе. Иако со едвај половина милионско население (поточно 560 000 луѓе), Луксембург ги блокирал даночни реформи на ЕУ. Големото војводство ги стопирало  во комисијата предлозите за преглед на договорите со мултинационални компании, стратегии за истрага на прекугранично даночно затајување, како и да се подобри споделувањето на информациите меѓу земјите-членки за даночните договори за гарантирање на приватност на мултинационалните компании.

Извор од комисијата изјави за „Гардијан“ дека групата повеќе не jа исполнува својата цел, бидејќи не може да се постигне многу поради земањето едногласно одлуки.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO