Србија под никакви околности нема да води антируска или антикинеска политика, независно од желбата да влезе во Европската унија. Ова го изјави српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ во интервју за радио „Белград 1“.

„Нашиот пат кон ЕУ не значи дека ние сме должни да водиме антируска или антикинеска политика. Тоа Србија никогаш не го правела. Ние сме независна земја која води самостојна надворешната политика. Имаме обврски според условите за влез во ЕУ, но кога ќе влеземе во ЕУ нашата позиција ќе биде почитувана „, изјави уште дипломатот.

Тој посочи исто во врска со посетата на кинескиот претседател Си Дзинпин во Србија, дека земјата е најдобар пријател на Пекинг во Европа, бидејќи само со Белград Кина потпишала договор за укинување на визниот режим, што ќе стапи во сила во 2017 година.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO