Во Националниот историски музеј во Софија може да биде разгледана изложбата „Претвореното создадено“, која претставува женски костуми, а исто така и автентични елементи од традиционална женска облека од крајот на XIX и почетокот на XX век, пренесе репортер на БГНЕС.

Макетите со носии се дело на реставраторот  Антонија Велева, која собрала носии од неколку етнографски области – Балканот, Добруџа, Родопите, Пиринскиот крај и Софискиот крај.

На изложбата може да се види и т.н.. сајана носија, која е наречена така поради наметката, наречена „саја“. Оваа облека е долга до под коленото и е отворена по целата должина на предниот дел. Се изработува од памук или волнени ткаенини, а престилка е задолжителна и кај неа преовладува црвената боја со стилизирани флорални и геометриски орнаменти.

5221297На изложбата се претставени како нормални, така и официјални носии, а исто така и носии за различни сезони. Претставена е и сукманена носија, која има за основа кошула, врз која се облекува сукманот. Украсите се врз деколтето и ракавите кога има такви, бидејќи сукманите во принцип се без ракави, но во различни краеви има исклучоци. Кон сукманот  има и престилка, која првично го чува сукманот, но подоцна се претвора во найбогато украсениот дел на костимот.

Посебно место во изложбата заземаатсокајеи забрадки на жените. Сокајот е секојдневен женски накит за глава кој се носел од третиот ден на свадбата до крајот на животот. Металните делови од сокајот – кржило, пелешки и обетки, се подаруваат на жената од свекорот при пречекот во нејзиниот новиот дом.

Познати се три вида сокај – габровски, килифаревски и ловешки, а разликите меѓу нив се во видот на везовите  и дел од елементите за декорација. Научниците претпоставуваат дека овој тип забрадки  е поврзан уште со Второто бугарско царство и е поврзан со болјарските костуми во Византија и Бугарија.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO