Москва по најразлични начини се обидува да ја дестабилизира Унијата, изјави бугарскиот претседател Росен Плевнелиев во интервју за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг.

Според него „има многу знаци“ дека Русија финансира антиевропски партии и медиуми во Бугарија и на тој начин се стреми „да ја поткопа одвнатре ЕУ“.

Претседателот смета дека Русија jа гони истата цел, која своевремено си jа поставуваше СССР: „слабеење на Европа и ширење на сомнежи за вредностите на демократијата и владеењето на правото“.

Според Плевнелиев жителите на Унијата треба да знаат „што се случува“ и за што е насочена „руската пропаганда“.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO