Во 2017 година српската влада планира да отпушти околу 5.000 државни службеници. Ова го објави министерката за државната и локалната администрација Ана Брнабич.

Најголем број отпуштени државни службеници ќе има од министерствата за образование и здравство.

Во моментов малку над 425 илјади луѓе се вработени во српската администрација, што е за 23 илјади помалку отколку во декември 2014 година

„Ова претставува намалување за 4,7%“, рече Брнабич.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO