Неговиот син се заљубил во Бугарија. Тоа го разбираме уште од втората приказна во новиот зборник на познатиот писател и публицист Х. Мартенштаjн. Зборникот е насловен „Ананасите на дрвјата ли растат?“. Ви препорачуваме да го „пробате“.

Поднасловот на зборникот гласи: „Како го објаснувам светот на детето“. А во главата насловена „Бугарија“, Мартеншаjн со мека иронија и симпатија пишува: „Одморот беше со супер особено намалување. Две недели Бугарија, лет, хотел и полупансион за 129 евра. Во 90-тите години туристичката дестинација Бугарија вложува огромен напор за да го обнови дијалогот со клиентелата. Резултатот се материјализира во интранет и големи попусти. Кога го прочитав огласот, веднаш си реков: „Бугарија, 129 евра. Едвај ќе е голема релаксација, но сигурно ќе биде интересно „.

Многу мачки, џипови, накити и стрелбишта

Оваа мисла се покажа точна. Местото се нарекуваше  Златните Песоци. Неколку десетици хотели кои прилично вешто беа внесени во шумите. Подолу крај плажа одеше променада која на прв поглед изгледаше иста како и во шпанските летувалишта. Освен тоа, во Бугарија на никаков начин не владее дефицит на мачки. Токму во тоа се препознаваат рајските туристички места на југ: мајката природа великодушно им дала многу мачки. Барем со мојата генерација е така: штом ни замирише на урина од мачки – и веднаш испаѓаме во релаксирачко расположение.

Публиката се состоеше прво од источните германци, кои си остануваат верни на старите туристички навики. На второ место – од западни германци за кои Мајорка веќе беше станала премногу скапа. И трето – од Руси и Украинци. Всушност, претежно од Руси и Украинци.

Детето врескаше: „Тука е рај!“

До крајбрежната променада во тек на 5 километри не чекаше атракција по атракција. Колички и слајдови, вртелешки, тезги за слатки работи и стрелбишта. Имаше и базен со подморници со далечински управувач, чии топови плукаа отровно зелени искри. Имаше и вртелешки со тенкови Т-34. Имаше и еднооки Молдавци, кои за 3 минути беа во можност да ти тетовираат што си посакаш на дел од телото: со црвена ѕвезда или крст, со портрет на Папата или на Садам Хусеин, пак дури и со голата Шерон Стоун со виолетови орхидеи врз срамните делови.

Цените на забавата се колебаа меѓу 10 и 40 евроценти. Детето врескаше: „Бугарија е најубавата земја на светот! Во Бугарија се грижат за децата! .

Нашиот одмор изгледаше вака: Во хотелот наутро прво пиевме по еден сок. Имаше розови, резедави и виолетови сокови. Потоа одевме на плажа и читавме книги, додека детето ни само за 5 евра цел ден возеше тенкови, мотоцикли и подморници или пак со помош на руските деца ги учеше тајните на мачкината егзекуција. Вечерно време ние се прибиравме во својата соба. Сите соби гледаа кон заеднички балкон, долг како црево. Таму руската средна класа се потпираше на оградата, пееше меланхолични песни и играше на своите електронски игри.

Кога си заминавме од Бугарија

Детето сакаше да се тетовира на раката. Со череп. Ние сепак не дозволивме. А јас, зашто умеам да се нуркам, отидов да се нуркам. Под површината на Црното Море е непрегледната историја. Тодор, нашиот инструктор, не водеше по места каде со рацете можеш да допреш груби метали. Тоа биле остатоците од бугарската колонијална флота, која на ова место им дала добра лекција на Кримските Татари.

По неколку дена дозволивме на некој невработен грузиски професор по историја на уметноста да наслика со пурпурно мастило еден череп на раката на нашето дете и да напише одоздоле на кирилица „Победа или смрт!“.

„Дали тука атмосферата е погодна за развој на едно дете?“ – Ме праша жената. А јас одговорив: „Никогаш нема да погрешим ако детето од порано има можност да  спознае странски култури и да влезе во дијалог со нив.“

Кога си заминавме од Бугарија, детето веќе знаеше која е неговата омилена земја, засекогаш. Земјата во која се грижат за децата. Неговиот Авалон. Неговата рајска градина. Земјата, која сигурно jа имал во предвид и Ернст Блох, кој во „Принципот надеж“ пишува: „Нешто што за сите како било во детството, но каде уште никој не бил: татковината“. Кај секое дете како да има нешто бугарско. А ние дури бевме таму.

Harald Martenstein: Wachsen Ananas auf Bäumen?, C. Bertelsmann (Deutsche Welle)


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO