Тримесечна и дневна винетка, како и нова такса за движење по патиштата се усвои на прво читање во парламентот во Бугарија со промени во Законот за патиштата.

„За“ гласаа 132 пратеници, петмина беа против, а еден пратеник се воздржа.

Пратениците го прифатиjа и предлогот на пратениците Александар Ненков и Станислав Иванов за воведување на компензаторна такса која ќе се плаќа, доколку се утврди дека возачот на возилото ги  користел републиканските патиштата, без да ги платил законски утврдените такси за користење на патната мрежа. „За“ гласаа 135 пратеници, а четворица се воздржаа.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO