Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Р.Македонија, Вилем Воутер Пломп.

-Мнозинството граѓани во Македонија, над 600.000 луѓе избраа промени, промените веќе се случија и никој не може да ги запре, рече претседателот Заев.

На средбата е нагласена одговорната и принципиелна поставеност на СДСМ на провокациите што и се најмалку потребни на Македонија.

-Македонија ќе добие Влада на сите граѓани на Македонија посветена на нивните потреби, како и на потребните реформи за независно судство, медиуми, институции кои работат во служба на граѓаните. Граѓаните се одлучија за Влада што отвора перспективи и тоа е следниот чекор во започнатите демократските процеси во државата, рече претседателот Заев.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO