На 9 декември 2016 г. на универзитетот во Корча, Р. Албанија, беше спроведена меѓународна научна конференција посветена на 1100 години од успението на св. Климент Охридски. Универзитеот во Корча  го носи името на познатиот албански политичар, писател, преведувач, учен и теолог Фан Ноли, кој воедно е и основател на Албанската православна црква и нејзин прв епископ.

15666416_10211754893136161_753237225_nКако организатори на конференцијата се јавија: Македонски научен институт (МНИ) од Софија, универзитетот од Корча, Бугарскиот Културен Клуб Скопје (БККС), БМОРК, Бугарското здружение на родовите од Македонија и здружението за албанско-бугарско пријателство.

Конференцијата беше отворена од проф. Герги Пендавини, декан на факултетот за природни и хуманитарно науки. Во продолжение на присутните се обрати претседателот на МНИ доц, д-р Александар Гребенаров.

15540892_10211690201878920_2393097685222520497_oПо него, беше дадено збор на амбасадорот на Р. Бугарија во Р. Албанија, г-н Димитар Арнаудов, како и на пратеникот во 43-тото Народно Собрание на Р. Бугарија и претседател на комисијата за бугарско-албанско пријателство г-н Красимир Богданов.

По претставената изложба ʺСв. Климент-просветителотʺ, ученичкиот хор на националната гимназија за древни јазици и култури ʺКонстантин Кирил Филозофʺ под диригентство на Даниел Иванов, ја исполнија преполната сала со црковни песни во памет на СВ. Климент.

15419782_10211690189158602_6670889268756735608_oРаботата на конференцијата протече во во една секција, во два дела, при што бе прочитани 14 труда на учени од Р. Бугарија, Р. Македонија и Р. Албанија.

Подетално за учестниците на конференцијата, како и за темите кои ги претставија на конференцијата , може да прочитате на сајтот на МНИ.

 

фото и видео: Peter John Bosse за ТАТКОВИНА


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO