Засега нема податоци дали бугарскиот државјанин и жртвата, која по потекло е од Украина, се познавале ниту дали тоа што се случило има некаква предисторија

„Случајот со клоцнатата жена во Берлинското  метро ги распалува расположенијата против Ромите“, пишува германскиот весник „Ди Велт“.

Изданието објавува материјал посветен на случајот и на реакциите кои тој ги предизвикал во Бугарија како  и на медиумското покривање на истиот во источниот ни сосед..

Во написот се истакнува дека во Бугарија се инсистирало  премногу на етничката припадност на вмешаниот  во случајот бугарски државјанин  Светослав Стојков, што според материјалот е последица на длабоко вкоренети предрасуди против Ромите.

Весникот „Тагесшпигел“ истакнува дека засега нема податоци дали бугарскиот државјанин и жртвата, која по потекло е од Украина, се познавале ниту дали тоа што се случило има некаква предисторија.

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ излегува со коментарен  материјал под наслов „Тоа не засега сите“. Во него се нагласува улогата на видео надзорот, при што се  повикува тоа да се користи поактивно во кривичните истраги.

Весникот ги повикува германското општество да не губи доверба во легалните  органи, бидејќи околу случајот во Берлинското  метро се појавиле симптоми дека тоа е поткопано, на пример со најавата од приватни лица за награда за фаќање на сторителот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO