
Ќе стане ли навистина Доналд Трамп претседател на САД? Судбината му се решава денес, кога изборната комисија ќе гласа за неговиот избор. Политичкиот систем во САД е таков што практично не американските гласачи бираат директно шеф на државата, а членовите на изборната комисија. Тие се вкупно 538 лица.
Републиканецот Трамп освои 306 од нив при потребен минимум за победа од 270, но Хилари Клинтон го доби народниот вот. Членовете на комисијата беа бомбардирани со петиции, писма и телефонски повици со апели да гласаат против милијардерот. А тоа теоретски е можно.
Во меѓувреме Доналд Трамп напиша лута порака на Твитер пред денешното гласање во изборната комисија, која официјално треба да го избере за претседател, пренесоа американските медиуми.
„Ако множеството мои поддржувачи дејствуваа и се закануваа на луѓето како оние кои ги загубија изборите, тогаш се случува да бидат жигосани и нарекувани со какви ли не имиња!“, гласи твитот на Доналд Трамп.
