Многу од оние кои се обидоа да го напуштат градот претходно оваа седмица, биле тепани и ограбени од провладините сили

Советот за безбедност на ОН ќе гласа денеска нацрт резолуција која гарантира заштитата на цивилите во сирискиот град Алепо.

Во текстот, составен од француската делегација, се истакнува дека евакуацијата од бунтовничките области треба да биде доброволна и кон дестинации по избор на самите луѓе. Таа мора да биде спроведена под надзор на неутрални набљудувачи од ОН.

Околу 30 илјади луѓе остануваат блокирани во руинираниот  источен дел на Источно Алепо откако евакуација им беше прекината во петокот. Многу од оние кои се обидоа да го напуштат градот претходно оваа седмица, биле тепани и ограбени од провладините сили, тврди агенцијата Ројтерс.

Претставник на бунтовниците го обвини Иран за континуираната блокада , кој ги контролира шиитските милиции во Алепо. Друг изјави дека евакуацијата може да биде обновена денес истовремено во Алепо и во шиитските гратчиња Кефраја  и Ал Фуа, кои се под опсада од бунтовниците.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO