
Поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ бил исклучително близок со воениот злосторник Жељко Ражњатовиќ, познат како Аркан. „Денес откриваме јавно една од најстрого чуваните тајни во врска со планот за падот на Слободан Милошевиќ на 5 октомври 2000-та година“. Ова го пишува српското издание „Курир“.
Во статиjата се вели дека „Ѓинѓиќ и Аркан заедно го организирале државниот удар, а секој од нив имал својата посебна улога и задача во овој план“. Според „Курир“ Аркан беше убиен, бидејќи спречил атентат врз Зоран Ѓинѓиќ.
„Жељко Ражњатовиќ и Зоран Ѓинѓиќ беа многу добри пријатели. Зоран беше првиот човек кој jа посети и и изрази сочувство на Цеца-Ражњатовиќ, кога го убија Аркан. Ѓинѓиќ остана во нејзиниот дом во текот на целиот ден потоа“, раскажува познатиот српски политичар Драган Маркович- Палма кој беше во една партија со Аркан во почетокот на 90-тите години на минатиот век.
