Германските професори во еден од најелитните државни лицеи  во Истанбул добија предупредување дека не можат да споменуваат за темата Божик во училниците, пренесе ДПА, цитирана од БТА.

Германскиот огранок на Истанбулскиот лицеј е познат и како Германско меѓународно училиште и има 35 наставници.

„Со одлука на турската администрација на училиштето божикните традиции и празнувањето на Божик нема да бидат предавани,  разработувани  или одбележувани. А решението  влегува во сила веднаш „, се вели во мејл испратен до раководството на германскиот огранок од дирекцијата на лицејот.

Раководството на училиштето е турско, но платите на германските наставниците се плаќаат од германските даночни обврзници според договор за културна размена меѓу двете земји.

Германската Зелена партија ја критикува остро забраната за Божик во Истанбулскиот лицеј. „Забраната на темата за Божик во училиштата е неприфатлива, особено ако тие се кофинансирани од Германија“, изјави за ДПА портпаролот на партијата Омид Нурипур и рече дека мора да престане финансирањето на училиштето, ако Ердоган не ја промени својата позиција.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO