
Најмалку 30 војници загинаа, а десетици се повредени во самоубиствен напад во пристанишниот град Аден во Јемен.
Атенаторот влегол во воената база Ас Солбан се смешал со војниците кои чекале да добијат плата и го активирал експлозивот.
Нападот се случува осум дена по нападот, извршен на 10 декември, во кој под исти околности беа убиени 48 војници.
Тогаш за нападот одговорноста јa презеде „Исламска држава“.
