
„Български народни песни“ од Миладинови во витрините на охридска гимназиjа
На 9 декември , организаторите на „ Научно-истражувачкото и следбеничкото патување во Р. Македонија, Р. Албанија и Р. Грција” ( Бугарски Културен Клуб Скопје-БККС, Македонски научен институт-МНИ, БМОРК и Бугарското здружение на родовите од Македонија ), а по повод 1100 години од успението на Св. Климент Охридски jа посетија охридската гимназија ʺСв. Климент Охридскиʺ.
На средбата со раководството на гимназијата еднодушно беше истакната потребата од задлобочување на соработката во сферата на образованието меѓу Р. Македонија и Р. Бугарија, а во конкретниов случај, меѓу охридската гимназија ʺСВ.Климент Охридскиʺ и соодветни гимназии во Р. Бугарија.
Од името на парламентот на Р. Бугарија на присутните се обрати г-н Красимир Богданов.Тој ја поздрави ваквата иницијатива и изрази уверување дека за вакви и слични иницијативи кои ке придонесуваат за зближување на двете држави , може да се очекува безрезервна подкрепа и од Народното собрание на Р. Бугарија.
Раководителот на хорот на Националната гимназија за древни јазици ʺКонстантин Кирил филозофʺ од Софија, на почетокот ги искажа неверојатните чувства и емоции при престојот им во Македонија и предложи конкретна соработка меѓу хоровите на двете гимназии.
Лазар Младенов, претседателот на БККС, го запозна раководството на охридската гимназија , дека БККС е организација на бугари од Македонија , кои основно се борат против грубото фалсификување на бугарската историја во Македонија. Воедно ја искористи можноста на гимназијата да подари книги ʺБългарски народни песниʺ од братја Миладинови.
Доц. Александар Гребенаров, претседателот на МНИ , од името на сите организации, подари на охридската гимназија ʺ Св. Климент Охридскиʺ плакати со мотиви од глаголицата, како и книги .
На крајот хорот на Националната гимназија за древни јазици ʺКонстантин Кирил филозоф ʺ пред своите врсници од охридската гимназија исполнија црковни песни.
фото и видео: Peter John Bosse за ТАТКОВИНА
