На 8 декември во хотел Коцарев во Охрид , по повод 1100 години од успението на Св. Климент Охридски, Бугарскиот Култирен Клуб Скопје ( БККС ), Македонскиот Научен Институт ( МНИ ), БМОРК и Бугарското здружение на родовите од Македонија организираа претставување на изложба и претставување на книга, во ролјата на главни организатори на „ Научно –истражувачкото и следбеничкото патување во Р. Македонија, Р. Албанија и Р. Грција.
На самиот почеток на собитието пред присутните се обратија г-н Александар Гребенаров-претседател на МНИ, Петар Петров-пратеник во НС на р. Бугарија. Лазар Младенов-претседател на БККС, Михаил Развигоров-претседател на Бугарското сдружение на родовите од Македонија, Красимир Богданов-пратеник во НС на Р. Бугарија и Владимир Тодоров-претседател на БМОРК“
Во почетокот беше откриена изложба „ Св. Климент-Просветителот”.Изложбата е организирана од Кирило-Методиевскиот научен центар при БАН со содејствието на Научниот архив на БАН, Институтот за историски истражувања–БАН и Македонскиот научен институт.
Во продолжение беше претставена и книгата „ Климент Охридски и почетоците на бугарската литература ʺ од проф. д.ф.н. Васја Велинова. Изданието е од поредицата „ Мала македонска библиотека ʺ кн. No. 6 на Бугарското здружение на родовите од Македонија.
На крајот на програмата Васко Цветковски го претстави сопствениот превод на „ Историја на Скилица ʺ Т.2 со кој се обидел да ги исфрли термините кои се под силно србско влијание.