
На крајот на 19 век три баби бабуват при раѓањето на едно лошо предопределено новороденче.
Мегали идејата на Грците, великосрпската доктрина на Србите и Сан Стефанскиот идеал на Бугарите се соочуваат во Македонија, каде што се раѓа вечното Македонско прашање.
Натпреварот помеѓу различните политички влијанија, револуционерната борба и страдањата на војните помагаат за израснувањето на македонизмот – идејата за самостоен македонски идентитет.
Ова беше главна тема во предавањето по БНТ „Зародиш на македонизмот” Како беше создадена „Балканската Пандора „ ?
Во дискусијата свое учество земаа :
Професорот Трендафил Митев. Професор по Историја на бугарскиот политички живот во УНСС, истражувач на емиграцијата од Македонија во Новиот свет, за кого „македонизмот“ е првата манифестација на балкански национализам во бугарскиот духовен простор, кој останал зад границите на слободната Бугарска држава.
Професор Антон Прванов. Професорот по Историја на балканските народи, Етничките проблеми на Балканот и Надворешната политика на балканските земји во УНСС, за кого македонизмот е теоретска конструкција, политичка кауза, поставена на погрешна основа.
Доцент Наум Кајчев. Шефот на Одделот за „Историја на Византија и балканските народи“ на Софискиот универзитет; поранешен генерален конзул во Битола – Република Македонија, и Торонто – Канада; специјалист по историја на Хрватска, Србија и Македонија од 19 и 20 век, еден од основачите на Бугарското здружение на родовите од Македонија.
Целата дискусиjа може да ja погледнете тука.
