Британската престолнина со најтешкиот сообраќаен метеж во последните години

Лондон го доживеа најтешкиот  сообраќаен метеж во последните години, пишува „ДейлиСтар“.

Цели 17 станици на метрото во британската престолнина беа затворени поради пренатрупаност со луѓе, а самите возовите се движеа со огромни одложувања.

Многумина од огромните толпи немаа можност да дојдат до транспорт и беа евакуирани на некои од клучните метро станица, меѓу кои „Кингс Крос“, „Викторија“, „Оксфорд Саркас“ и „Јустан Сквер“.

Жена, која се втурнала да брка воз на „Кингс Крос“, пак, се лизнала  и паднала  од платформата, предизвикувајќи дополнителен хаос на една од најпрометните станици во градот.

Утрово жителите на Лондон, кои ги користат линиите „Пикадили“ и „Норторн“, исто така се вкусиле од транспортниот „пекол“. Проблемите на „Пикадили“ се предизвикани од ремонтни дејности.

Неодамна илјади вработени во лондонското метро гласаа за организирање на штрајк до божиќните празници, што во следните денови исто така може да предизвика сериозни тешкотии.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO