Украина денеска почна дводневни обуки со  ракетни престрелки

Воени бродови од Црноморската флота на Русија заземаат позиции кај западните брегови на Крим, за да ја зајакнат противвоздушната одбрана на анексираниот  полуостров.

Распоредувањето на бродовите е во одговор на започнатите во реонот украински ракетни тестирања, пренесоа агенциите, повикувајќи се на руски медиуми.

Украина денеска почна  дводневни обуки со ракетни престрелки. Во одговор Русија ги стави силите за противвоздушна одбрана во состојба на готовност и рече дека се надева обуките  да не ги нарушат меѓународните летови.

„Борбени бродови од Црноморската флота ќе заземаат позиции во близина на западниот брег на Крим, додека траат планираните од Украина ракетни тестирања на 1 и 2 декември“, рече руски воен извор во Крим, цитиран од РИА Новости и БТА.

Според него нивните оружја се наменети првенствено за симнување на тешки противобродски  и крилести ракети.

Украински воен портпарол истакна дека тестирањата се изведуваат во согласност со меѓународното право и на најмалку 30 километри од воздушниот простор на Крим.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO