Двајцата најпознати револуционери во светот денеска се привремено еден до друг, откако пепелта на Фидел Кастро пристигна во мавзолејот каде што се чуваат коските на неговиот другар револуционер Ернесто Че Гевара, во склоп на тридневната поворка за починатиот кубански лидер.

Телото на Кастро беше кремирано, а пепелта се вози во воениот карван што оди по рутата од Хавана во Сантијаго де Куба, во спротивна насока од онаа по која во 1959 година се движела Кастровата герилска група во борбата за соборување на претседателот Фулгенсио Батиста, кој беше поддржуван од САД.

Неколку илјади Кубанци се собраа да го поздрават карванот пред мавзолејот во Санта Клара, градот во кој Гевара, аргентински лекар што стана револуционер, го исфрли од шини оклопниот воз во борбата против армијата на Батиста, кој сè уште стои така како споменик на револуцијата.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO