Меѓународните кредитори бараат нови рестриктивни мерки за Грција

За забрзано сценарио  за предвремени избори во Грција пишува грчкиот весник „Катимерини“. Весникот посочува дека до моментов владата на Алексис Ципрас ја проследувала тврдата линија дека избори ќе има на крајот на мандатот. Сега за прв пат останува да се разбере дека може и да не биде постигнат договор со кредиторите по важните прашања за земјата.

Според други печатени изданија меѓународните кредитори сакаат нови рестриктивни мерки за Грција. Целта на новите мерки е во 2018 година да биде постигнат буџетски суфицит од 3,5 отсто. Според публикација на в. „Имерисија“ тие инсистираат за реформи на пазарот на трудот и приватизација, намалување на социјалните трошоци, ревизија на даночните олеснувања, намалување на трошоците за одбрана.

За критични десет дена до седницата Еврогрупата на 5 декември пишува. „Ефимерида тон синдактон“. До заседанието на министрите за финансии, кога ќе биде разгледана втората проценка на спасувачката програма за Грција и евентуално ќе биде иницирано прашањето за олеснување на долгот, има голем број на критични моменти и настани како изборите во Австрија и референдумот за реформи на Уставот во Италија.

Меѓу водечките теми за печатените изданија е и кипарското прашање, преговорите кои претрпеле уштееден  неуспех откако лидерите  на двете заедници на островот не постигнаа компромис во рамките на новата рунда разговори во Швајцарија. Весникот „Та неа“ пишува дека во однос на кипарското прашање има несигурност, а за очекуваната средба меѓу премиерот на Грција Алексис Ципрас и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во врска со обединувањето на островот се уште има нејасност дали ќе се одржи.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO