Москва е подготвена да го „впрегне оружјето“, изјави владин службеник

Русија се закани на НАТО со насочување на нуклеарното и конвенционално оружје кон цели во различни земји на Алијансата.Тоа го направи преку висок чиновник.

Првиот заменик-претседател на комисијата за Советот на федерацијата за  одбраната и безбедноста на Русија – Франц Клинцевич рече дека во одговор на секое агресивно дејство од страна на НАТО, Москва ќе реагира во натура и е подготвена да го „впрегне  оружјето“, пренесе воената телевизија „Ѕвезда“

„Како одговор на агресивните дејствија на НАТО, кои се обидуваат да  вклучат во сопствената орбитата се повеќе и повеќе земји, од страна на Русија ќе  следи  тврд и категоричен одговор. Ние ќе го  насочиме своето  оружје, вклучувајќи и атомско, кон сите објекти на Алијансата, кои ја загрозуваат безбедноста на Русија „, прецизира првиот заменик-претседател на комисијата за одбрана и безбедност на Советот на федерацијата, пред tvzvezda.ru.

Тој додаде дека објаснувањето на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг е „врв на лицемерието“.

„Унијата (НАТО) го прикрива создавањето  на глобална хегемонија, а зборува за слобода и демократија. Во одговор на тоа Русија ќе биде принудена да преземе акција „, се закани Клинцевич.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO