ДУИ денеска најавија повторно дека ќе се залагаат албанскиот јазик да стане официјален, но ние досега сме имале над 150 илјади најави за официјализирање на албанскиот јазик во државата. За овие избори потребна е вистинска програма и платформа, а не циркус и нема друг пат за Албанците во Македонија освен платформата на ДПА затоа што срамота е да речеме дека по 26 години од повеќепартиско политичко организирање немаме вистински резултати во положбата на Албанците рече на предзиборен митинг со жителите на селото Челопек, општина Брвеница претседателот на ДПА Мендух Тачи.

„И илјада партии да направиме, ако платформата ни биде дали ќе имаме зголмување за еден, два или три проценти за поголеми права ништо нема да направиме во вакви состојби во Македонија со уставното уредување. Затоа ние треба да се залагаме за исполнување на колективните барања на Албанците независно од нивната бројност како што тоа го имаат добиено Хрватите во Босна, Италијанците во Швајцарија или пак Фламанците во Белгија. Затоа ќе се залагаме и за еден заменик премиер Албанец ама да има право на консензуално одлучување исто како и во Собранието“, рече уште Тачи.

Ако не се задржиме за ваквото решение, многу брзо ќе дојдеме во состојбата како другите малцинства бошњачкото, турското, српското, предупреди он.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO