Лудогорец го зачува резултатот  0: 0 против Базел во натпревар од петтиот круг на групната фаза во Лигата на шампионите, што беше доволно за „орлите“ да го изместат швајцарскиот шампион од третото место во групата А, кое дава право на учество во Лига Европа напролет.

Двата тима имаат по два бода на  круг пред крајот, но бугарскиот шампион е со подобри показатели од директните дуели, откако заврши 1: 1 како гостин во Швајцарија.

Во последниот круг Лудогорец ќе гостува на ПСЖ, а Базел го пречекува  Арсенал. Натпреварите ќе се одлучувачки и за четирите тима, бидејќи Англичаните и Французите одиграа 2: 2 во Лондон и така победникот во групата ќе се одлучи токму во последниот круг.

Во херој за Лудогорец се претвори голманот Владислав Стојанов, којго  спаси тимот од погодок, откако во 76-тата минута интервенираше  брилијантно очи во очи со Елионуси.

Дуелот се одигра пред околу 20 000 гледачи на националниот стадион. По традиција имаше многу деца од фудбалските школи во Софија, кои присуствуваа бесплатно на натпреварот. Бугарскиот шампион беше обезкрвен од отсуството на клучниот играч како Марселињо. Разградчани покажаа тактичка мудрост, со тоа што се бранеа добро и ја заштитија  мрежата од гол.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO