Како известувач за Македонија во Европскиот парламент, можам да кажам дека навистина постои многу позитивен однос кон Македонија во Европскиот парламент. Додуша, последниве две години и проблемите околу изнаоѓањето на заеднички јазик меѓу играчите во македонската политика, доведоа во прв план и некои контраверзни теми. Контраверзни, кога станува збор за интерсот на Македонија. Но, факт е дека позитивното расположение е каратктеристика, таков ќе биде и нашиот извештај, кој ќе го изработиме во наредните недели и месеци. Тој ќе содржи и порака и препорака да и се отвори патот на Македонија во европските интеграции, под услов изборите и времето по изборите да бидат во европскиот дух, што значи признавање на демократските инструменти и докажана спсособност да се живее според нормите на нормална парламентарна демократија, рече Иво Вајгл, известувач за напредокот на Република Македонија во Европскиот парламент и европратеник, кој утре ќе ја посети земјата.

Немам причини да не верувам, дека изборите ќе бидат според правилата, дека ќе бидат демократски, транспарентни. Ќе има, се разбира, различни интереси. Не може преку ноќ да се премине преку разликите кои постојат во македонското општетство меѓу политичките партии, рече уште Вајгл.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO