Енди Мареј е на прво место на престижната листа

Првата ракета на Бугарија Григор Димитров ја завршува календарската година на 17-то место во светот, пренесува Нова ТВ. Енди Мареј е на прво место на  светската ранглиста на АТР. Шкотланѓанецот го победи категорично Новак Ѓоковиќ во два сета во завршниот турнир во Лондон и ја задржа предноста на врвот, каде се смести пред две недели.

Мареј има 905 поени повеќе од Ѓоковиќ, кој не успеа да се избори за петта по ред титула во завршниот турнир и вкупно шеста. Полуфиналистот Милош Раониќ го измести Стен Вавринка од третото место, а десетката ј  дополнуваат Кеј Нишикори, Марин Чилиќ, Гаел Монфис, Доминик Тим, Рафаел Надал и Томаш Бердих.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO