Денес одбележуваме еден голем вински празник. Тој тргнува од Франција, но одамна излегол надвор. Од полноќ официјално започнува понудата на новата Божоле – младо вино од истоимената француска винарска област.

Според законот од 1985 година новото Божоле се пласира на пазарот во третиот четврток од месец ноември. Правилата се строги и важат за сите земји во светот, каде што се извезува Божоле Нуво, вклучувајќи и Бугарија. Од утре до недела Софија се претвора во престолнина на бугарското вино. Во Националниот дворец на културата отвора врати шестото издание на најголемиот форум на бугарското вино. Оваа година учествуваат рекорден број производители.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO