Во ноември продажбата во САД на основната марка падна на годишна база со 24,7 отсто до 23 882 автомобили, соопшти компанијата во вторникот. Погодената од скандалот сестринска фирма Audi успева да ззабележи само минимален раст. Доста подобро се справува со меѓународната конкуренција, пренесува DPA.
Volkswagen US ја обвини за падот во продажбата самонаметнатата поради аферата забрана за продажба на автомобилите со 2,0- и 3.0-литарски дизел мотори. Пазарни набљудувачи соопштија за сериозна пазарна офанзива со намалувања на цените во САД, но и кај бензинските мотори VW забележува опаѓање на продажбата. Особено кај моделите Passat и Jetta, најважниот модел, ситуацијата е прилично за жалење. Покрај тоа, самиот ноември имал два работни дена помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Audi забележа раст од 0,4 отсто до 16 700 автомобили. Во претходните месеци, сепак продажбата растела значително побрзо. Другата сестринска фирма Porsche забележува опаѓање од 5,3 отсто до 4450 автомобили. Во почетокот на ноември VW, Audi и Porsche ги возобновија продажбите на дизелите со 3.0-литарски мотор, во кои е вграден забранет од американското законодателство софтвер.
Во меѓувреме продажбата на BMW во САД забележуваат нов раст по малиот пад во октомври. Во ноември компанијата продаде 36 447 автомобили – со 1,2 отсто повеќе од пред една година. Пред сè кросоверот X3 забележува силен раст, но и BMW 5-Series се продава се подобро.
Ривалот Mercedes-Benz изненадувачки го одложи за среда објавувањето на податоците за продажбата. Причината за тоа е компјутерски проблем, објави компанијата мајка Daimler.
Лидерот во индустријата Fiat Chrysler Automobiles успева да постигне зголемување на продажбата од 3% и на тој начин објавува 68-и последователен месец зголемување. За американскиот лидер General Motors месецот носи раст од 1,5% годишно. Локалниот конкурент Ford Motor сепак може да се пофали со раст од само 0,3%.
Јапонските конкуренти Toyota Motor и Nissan Motor забележуваат зголемување на продажбата од 3,4 и 3,8%, додека продажбата на Honda Motor стигнуваат до 5,2%.
Иако ноември во историски аспект е прилично слаб месец, порастот на продажбите во САД се задржува. Реализациите се поддржани од традиционалниот црн петок. Во дополнение, ниските цени на бензинот и поволните услови за финансирање ја зголемуваат побарувачката, особено на SUV аетомобили и пикапи. Автомобилскиот пазар во САД е на пат да запише продажба од 18 милиони возила во 2015 година и на тој начин да се постигне најдобар резултат во последните 15 години.