Американската технолошка компанија „Apple“ неодамна ја обнови својата картографска услуга и таа веќе дава информации за условите на сообраќајот во Бугарија, Словачка и Словенија, пренесува интернет изданието MacRumors.
Корисниците на услугата ќе добиваат бесплатни ажурирања во реално време за патниот сообраќај во трите европски држави.
Мапите на „Apple“ обезбедуваат информации за условите на патот во над 40 други земји, меѓу кои САД, Велика Британија, Канада, Кина, Германија, Грција, Франција, Полска, Холандија, Чешка и др., потсетува весникот.