Бесарт Бериша. Фотографиjа: melbournevictory.com.au

ФИФА им даде официјално одобрение на двајца поранешни албански репрезентативци да играат за Косово во квалификациите за свтското првенството во 2018 година

Барањата на Бесарт Бериша, напаѓач на австралискиот Мелбурн виктори, како и на дефанзивецот Мергим Војвода од белгискиот Мускорн беа одобрени и тие ќе можат да дебитираат за Косово уште во саботата во дуелот против Турција во Анталија.

Бериша има натпревари за репрезентативниот тим на Албанија пред десет години, додека Војвода до неодамна играше за младинската репрезентација на Албанија.

Косово стана член на ФИФА и УЕФА во мај и фудбалери кои играле во други репрезентации пред тоа, можат да изразат желба да ја претставуваат новата балканска земја, но треба да добијат посебна дозвола за тоа.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO