
Преодниот рок што скоро наближува е идеален предуслов за шпекулации на оваа тема, а во последните денови со такви често е поврзуван и напаѓачот на Лудогорец – Џонатан Кафу.
Бразилецот постојано е праќан во тимови од различни европски земји, а најсериозни гласини тврдат дека голгетерот на разградчани е меѓу главните цели на италијанскиот Лацио.
Во еден момент се спомнаа имињата на Лион и на Севиља, англискиот шампион Лестер, а на Островот денеска Кафу го поврзуваат со уште еден клуб од Премиер лигата – Сандерленд.
Британците тврдат дека фудбалерот на Лудогорец, е меѓу луѓето кои се желба во составот,кој се бори уште сезона за останувањето во Премиерлигата.
