samsung_expo_building_china_press_imageПо повлекувањето на телефонот Galaxy Note 7 поради дефект во батериите, сега технолошката компанија „Самсунг“ ги повлекува од пазарот експлозивните машини за перење, соопштува bTV. Причината се добиени повеќе од 700 сигнали на корисници, при што машините им за перење  со горно полнење се расклопуваат или самозапалуваат во текот на центрифуга поради „прекумерна вибрација“ на машината.

Според тестовите, направени од „Самсунг“, причината за дефектот е дизајнот на горниот капак на машината за перење, при што појаснуваат дека оваа штета може да доведе до сериозни повреди. До овој момент во компанијата пристигнале вкупно девет жалби за повреди, меѓу кои скршена вилица и фрактура на рамото.

Враќањето на веќе купените машини за перење е потребно, но не е задолжително, додаваат од компанијата.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO