Цената на нафтата марка „Брент“ падна за 2,2%
Стравувањата на берзите од изборните резултати во САД доведе до зголемување на цената на златото, пренесува Телевизискиот канал N-tv.
На азиските пазари цената на златото забележа раст од 5,4%. Цената на една унца во моментот е 1337,38 долари (1211 евра), пренесува „Фокус“.
Загриженоста за победа на Трамп порано доведоа до поевтинување на доларот, поскапување на еврото и јенот.
Во исто време цената на нафтата од марката „Брент“ падна за 2,2% до 44,59 долари за барел за прв пат од 11 август 2016 година