Железничката делница  Софија – Елин Пелин е еден од првите четири транспортни проекти согласно Механизмот за поврзана Европа. Ова го објави министерот за транспорт, информатичка технологија и комуникации Ивајло Московски. Тој присуствуваше на потпишувањето на договорите за проектирање и изградба на железничката делница, соопштуваат од Министерството,.

Московски објави дека започнува имплементацијата на првиот железнички проект финансиран со средства од Механизмот за поврзана Европа. Четирите проектот се одобрени во 2015 година.

Во износ од 120 милиони лева се одобрените средства. Изведувач на проектот е „Келет“ АБ ДЗЗД. Делницата вклучува 23 километри двојна железничка пруга, а рокот на договорот е 4 години. Една година од нив е за проектирање, а три за изградба на трасата.

Потпишан е и договорот за рехабилитација на железничката станица Скутаре – Оризово. Тој е дел од проектот „Рехабилитација на железничката инфраструктура по пругата Пловдив – Бургас, Фаза 2“. Проектот е финансиран од ОП „Транспорт и транспортна инфраструктура“ 2014 – 2020 година, како доделените средства се 63 милиони лева без ДДВ.

Од Министерството за транспорт прецизираат дека делницата  е со должина 26 километри единечна пруга. Проектот ќе се спроведува од Обединување „Европски железници“,а рокот е 3 години.

Московски посочи дека ако изведувачите на двата проекта работат во период до 2022 година ќе биде целосно завршен транспортниот коридор од српска граница до пристаништето Бургас.

Ивајло Московски објави уште дека инвестициите во новиот програмски период ја следат логичната доследност на претходните проекти. Целта е до неколку години да има две целосно завршени железнички линии.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO