Расте влијанието на купувачи од Западна Европа
Во сравнение со крајот на 2014 година, руските купувачи на имоти за одмор во Бугарија се намалија над три пати, додека бројот на бугарските расте. Ова го покажува анализата на компанијата Green Life Development & Resorts, доставен до медиумите.
„По настаните во Украина во 2014 година, бројот на рускоговоречките купувачи нагло падна, но од почетокот на 2015 година пазарот се задржува на релативно стабилно ниво“, коментира извршниот директор на компанијата Теофил Петров. „Вкупниот обем на трансакции не трпи значајна промена, но таква се гледа во типот на купувачите и нивните мотиви за купување. Од целосно надворешен пазарот на недвижности во сегментот “ втор дом “ станува се повеќе насочен навнатре“, додава Петров.
Според податоците на регистарот БУЛСТАТ расте влијанието на купувачи од Западна Европа како уделот им е околу една четвртина од оној на рускиговоречките. Според Green Life Development & Resorts објаснувањето е во тоа што трансакциите со граѓани од земји од Западна Европа се всушност емигрирани Бугари, водени како од носталгијата, така и од желбата да ги инвестираат своите заштеди.