Последните години не беа од најдобрите за навивачите на Лос Анџелес Лејкерс, но само неколку недели по почетокот на новата сезона во нивните редови има поводи за оптимизам. Водениот  од Лук Волтон тим ја забележа својата трета последователна победа по 119: 108 дома против Феникс Санс и за само втор пат во последните три години има позитивен биланс – 4 победи и 3 порази.

Ник Јанг постигна 22 поени и оствари 7 скока за победа №3 на „езерџиите“ пред своја публика во „Стејплс Центар“, Џордан Кларксон заврши со 18 поени, а Лу Вилијамс и на овој натпревар се вклучи силно од клупата и постигна 14 поени, додавајќи и 6 асистенции. Джулиас Рандал ја потврди силната форма со 18 поени, 5 скока и 4 асистенции, а Тимофеј Мозгов исто како Вилијамс постигна 14 поени.

Фантастичната игра на Девин Букер не го спаси Санс. Младежот  за втор натпревар постигнува скоро 38 поени, завршувајќи со 39 во Ел Еј, како и со 7 асистенции и 3 скока, но тоа беше недоволно. Ти Џеј Ворен и Ерик Бледсоу од своја страна т постигнаа соодвено 22 и 19 поени.

Лејкерс имаат 4 победи и 3 порази до моментот додека Санс се со предност од 2-5.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO