Станува збор не само за извонредна арома и вкус- кафето придонесува за здравјето на срцето, заштитува од дијабетес тип 2, паркинсоноваболест  и рак на кожата. Кон оваа листа е додаден фактот дека редовното пиење на кафе, влијае на ДНК. Во студијата се докажува дека пиењето кафе го намалува  оштетувањето на ДНК. Хемикалиите во кафето го зголемуваат нивото на антиоксидантни ензими и ги чистат штетните молекули. Тоа се клетки кои можат да го уништат составот на ДНК.

kafe-chasha-napitka-237430-500x334Затоа потрошувачката на кафе го намалува оксидативното оштетување на белите крвни клетки, кои не штитат од болести и инфекции. При новото истражување се вклучени 84 здрави мажи, на половина од нив се дадени 750ml печени зрна кафе. Едната половина од кафе е варена 4 недели, другата е растворена со вода. Сите учесници се бара да ги задржат нивните навики во исхраната и да не користат други производи кои содржат кофеин. Се земаат крвни примероци 2 часа по приемот на кафе. На почетокот на истражувањето и двете групи покажале слични резултати. За време на интервенцијата има 27% разлика во резултатите. Овој процент е многу важен при истражувањето на човечкиот организам. Секако тоа не значи дека само пиењето на кафе ќе не држи здрави. Но дефинитивно покажува уште  од најдобрите квалитети на кафето.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO